Општина Карпош ќе набави нова механизација – Слободен печат
ВестиСкопје

Општина Карпош ќе набави нова механизација

Одлуката за ваквиот начин на искористување на најновиот грант од Светска банка претходно ја одобрија сите советници од Советот на Општина Карпош.

Општина Карпош доби неповратни 75.000 евра од Светска банка како „грант за успешност” на претходно реализираниот заем за реконструкција на повеќе улици и изградба на атмосферска канализација.

Од општината соопштија дека станува збор за грант кој изнесува 10 отсто од вкупно искористениот заем. Неповратните средства општината ќе ги искористи за набавка на две цистерни за миење на улиците низ Карпош, еден кипер со плуг за расчистување на снегот и мразот во зимски услови и со распрскувач на сол, како и една машина за чистење на плоштадите и платоата низ територијата на локалната самоуправа, односно рачен вшмукувач на лисја и поситен отпад од јавните површини.

Одлуката за ваквиот начин на искористување на најновиот грант од Светска банка претходно ја одобрија сите советници од Советот на Општина Карпош, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close