Општина Карпош ќе ги преработува сувите гранки за живеалишта во Зоолошка

Општина Карпош со својата механизација сите собрани суви гранки од денеска ќе ги носи во Зоолошката градина – Скопје, каде што ќе бидат преработувани и повторно искористени за создавање на подлога на животните – мајмуните. Со ваквиот начин на постапување со отпадот, општина Карпош и практично станува пример за правилна обработка на отпадот и негово повторно користење.

– Наместо сувите и скршени гранки да остануваат по јавните површини и парковите, истите ќе бидат преработени и ќе придонесат кон создавање на поприродна средина за живеење на мајмуните во Зоолошката градина, која територијално е под општина Карпош, се наведува во соопштението од прес-службата на општина Карпош.

Од таму велат дека овој позитивен пример, за преработка на суви гранки е практика во повеќе развиени земји.

– Неодамна и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев беше во студиска посета на Германија, каде што имаше можност да се увери во повеќе примери за паметно искористување на отпадот и рекултивирање на јавните површини. Во изминатиот период, голем дел и од запленетите гуми кои често придонесуваа за загадување на амбиенталниот воздух беа донирани во Зоолошката градинка или во воспитно – образовните установи, со цел да бидат искористени на креативен начин – соопштија од општина Карпош.

Од општина Карпош информираат дека продолжуваат со интензивните активности за заштита на животната средина, како и правилно одлагање на отпадот за кој е одговорна локалната самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот