Општина Карпош ги објави реализираните проекти и проектите во тек

Фото: Стефан Богоев/Слободен печат

Општина Карпош ги објави клучните проекти и активности на кои се работеше во изминатиов период (но, и кој се во тек на реализација), како и дел од досегашните реализирани активности од изборната програма на градоначалникот Стефан Богоев.

АКТИВНОСТИ ВО ТЕК НА РЕАЛИЗАЦИЈА:

  • Спортско – Адреналинскиот парк, ќе се простира долж Кејот на Вардар, од Вештачката карпа до бунарите на р.Лепенец. Овој дел, кој со години беше депонија, ќе добие нови игралишта за одбојка и фудбал на песок, детско игралиште, сквер, адреналински дел и повеќе зеленило. Во овие моменти во тек е јавната набавка за реквизити кои ќе бидат поставени во состав на паркот.
    Ново детско игралиште и парк во Криви Дол – конечно започнуваме со развивање и на овој дел од Карпош. Подготвен е елаборат за поставување на урбаната опрема и се очекува согласноста од Град Скопје, за овој дел да добие нов детски парк, кој хортикултурно ќе биде уреден, а ќе се постават и клупи и корпи за отпадоци.
  • Иницијатива за спас и обнова на СЦ „Партизан” – поднесена е Информација до Владата на Република Северна Македонија, за актуелните случувања во врска со објектот и е побарано салата да се врати во сопственост на локалната смоуправа. Подготвени се и предлог идејни проекти за ревитализација на салата.
  • Изградба на нов парк под бул. „8 Септември” – на стариот влез на Градскиот парк, започнa изведбата на нов парк на површина од 4.000 m2, со ново зеленило, детски парк и дел за миленици. Истиот парк е донација од „Хорти Експерт МК”.
  •  Инклузивно детско игралиште во Влае 2 – Добиен е грант од 50.000 евра за изведба на инклузивно детско игралиште, лоцирано до плоштадот „Делфина”, наменето за децата со посебни потреби. Објавена е тендерската документација и летово се очекува истото да биде поставено.

    Локалната самоуправа во изминатиот период реализираше и повеќе проекти од изборната програма на градоначалникот Стефан Богоев, кои денеска се дел од буџетските програми на различни сектори.

  •  Нови градинки во Бардовци и Тафталиџе 2 – Направен е целосно нов објект на градинка во Бардовци (објект „Виножито”, клон на ЈОУДГ „Распеана младост”), со што родителите од овој дел на Карпош нема да бидат приморани да ги носат своите деца во градинки во другите населби. Исто така, неодамна започна со работа и новиот објект „Јасмин”, во Тафталиџе 2, кој е во состав на ЈОУДГ „Мајски цвет”. Со ова, зголемени се капацитетите за згрижување за 173 деца.
  •  Субвенции за велосипеди за 400 карпошани – Уште од минатата година, Општина Карпош започна да ги мотивира граѓаните да го користат велосипедот како алтернативно превозно средство. Во три наврати се доделија вкупно 400 субвенции, при што се субвенционираше 30% од цената на купениот велосипед.
  •  Мој Карпош – Моја Картичка – Веќе се спроведува еден од поважните проекти од програмата на Богоев, кој овозможува попусти и бенефиции за карпошани во голем број на угостителски објекти, спортски и културни установи, здравствени ординации и др.
  •  Спортско – рекреативни центри низ училиштата – Голем број од дворовите на основните училишта се оплеменија или добија нови игралишта за спорт на учениците и околните жители. Нови игралишта има во „Јан Амос Коменски”, „Војдан Чернодрински”, а обновена е и спортската инфраструктура во „Петар Поп Арсов”. Дополнително, поставена е еко – градина во „Аврам Писевски”.
  •  Паркови за миленици – Карпош е општина за сите, токму затоа се отворија и два нови паркови за миленици, еден долж Кејот на Вардар, во близина на Вештачката карпа и еден парк во Влае 2, кај спортските игралишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот