Општина Карпош донираше облека за социјално загрозените лица

Фото: mia.mk

Општинската администрација на Карпош спроведе хуманитарна активност за собирање на облека за социјално загрозените лица и домаќинства од општината. Во текот на изминатите десет дена вработените од општината имаа можност да донираат облека што не ја користат, но е во добра состојба.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска ја донираше својата облека, а сите пакети ќе бидат споделени со Црвен крст, кој ќе обезбеди дистрибуција на истите.

– Основната цел е да се овозможи топла облека и подобри услови за поминување на зимскиот период, за бездомниците и граѓаните во социјален ризик, велат од Општината.

Локалната самоуправа неодамна организираше и крводарителска акција, каде што 35 службеници донираа крв. Исто така, во рамки на деновите на Општина Карпош беа споделени 80 пакети (со прехранбени продукти и средства за хигиена) со социјално – загрозените домаќинства, а се помогна и на геронтолошкиот завод „13 Ноември” и СОС „Детско село”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот