Општина Илинден меѓу првите во регионот за рециклирање на стаклена амбалажа

Во рамки на регионалниот проект “Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“, кој се реализира од страна на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), што се спроведува во три држави: Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, Општина Илинден е една од првите шест општини и градови во регионот во кој ќе се спроведуваат активности за унапредување на системот на собирање на стаклена амбалажа и адекватен третман на овој отпад.

-Се надевам дека ќе обезбедиме релевантни искуства кои ќе претставуваат соодветна основа за анализа, во насока на создавање на соодветна инфраструктура за собирање на стакло во општините, а понатаму  и за развивање на бизнис  модели за рециклажа на стаклото. За жал, според реалните показатели и индикатори, во целиот регион, запоставено е собирањето на овој отпад. Причините се многубројни и убаво се утврдени во самиот Проект, па ние треба да покажеме дека сакаме и можеме успешно  истите да ги надминеме, рече градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски на регионалната онлајн конференција.

Целта на проектот е соработка во вопспоставување синџир на вредности за собирање и рециклажа на отпад од стакло како и едукација на граѓаните.

-Основниот пристап е соодветно собирање, и обезбедување предуслови  за третман и рециклажа на стакло во регионот, односно обезбедување на капацитети за рециклажа. Активно вклучување на единиците на локалната самоуправа, односно општини и градови  е неопходно за регионални искуства во управување со отпад од стаклена амбалажа, за одржлив развој и зачувување на животната средина, се вели во соопштението од Општината.

Рециклажа на 1 тон стакло штеди околу 40% енергија и 50% вода потребна за негово  производство.

Фактите говорат дека, со рециклирање на само едно стаклено шише, се заштедува енергија доволна за сијалица од 100 вати да свети 4 саати, или компјутерот да може да работи 25 минути.

Општина Илинден има поставено петнаесет контејнери а дополнително ќе бидат поставени уште 15 вакви контејнери, популарно наречени „ѕвона“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот