Општина Ѓорче Петров забрани сушење алишта во дворови

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, во објава на својата Фејсбук-страница пишува дека Советот на општината усвоил измени во Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување, со кои се забранува сушењето алишта во дворните места на територија на општината кои имаат поглед на улица или на плоштад.

-Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија- вели Наумовски во коментар под објавата.

Во дворните места се забранува оставање, складирањеодносно собирање на каква било амбалажа, кабасти предмети од домаќинството, градежен и друг отпад и какви било други предмети што предизвикуваат нагрдување на изгледот и неуредност на просторот.

Во дворните места што се со поглед кон улица или плоштад, не е дозволено:
– сушење на алишта,
– тревата да биде повисока од 10 см,
– да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина,
– гранчињата на украсните и жбунести растенија да ја преминуваат регулационата линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето.

Веста предизвика многу коментари на социјалните мрежи, а дел од граѓаните му замеруваат на градоначалникот дека се занимава со неважни работи, додека во општината има многу поголеми комунални и други проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот