Општина Ѓорче Петров: Од 20 згради за домување, 6 веќе се изградени

Деталниот урбанистички план СЗ15 е всушност разработка на план кој e донесен во 2014 годнина, со отстранување на сите негови недостатоци и зголемување на хуманоста на живеењето, а не „предвидување на нови згради” и „нови жители”. Ова го тврдат од Општина Ѓорче Петров, како одговор на обвинувањата на Иницијативата против урбано дивеење, и додаваат дека вкупната бруто развиена површина од сите градби во опфатот изнесува 138 918 м². Според нив, во оваа површина се вброени и сите постојни – вкупно 37 градби, додека максимално можната површина за домување изнесува 88 308 м², во која влегуваат и веќе изградени станбени згради.

-Од вкупно 20 градби со намена домување, 6 се веќе реализирани и за нив не се предвидува развој; вкупната квадратура од овие веќе изградени згради во опфатот изнесува 30 307 м², од што произлегува дека вкупната нереализирана  површина за градење изнесува 58 001 м², распределена во 16 градежни парцели – велат од Општината.

Оттаму појаснуваат дека во рамките на целиот плански опфат максимален можен број на жители изнесува 1359, но во оваа бројка влегуваат и постојните 467 граѓани. Од Општината тврдат дека со решението се зголемени растојанијата помеѓу планираните градби и зголемени се јавните површини и површините под зеленило.

-Овој план е донесен во транспарентна и јавна постапка на која претходеа 2 јавни анкети, а обезбедени се позитивни мислења и согласности од сите релевантни институции, вклучувајќи ги Град Скопје и Министерството за транспорт и врски – информираат од Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот