Општина Ѓорче Петров: Се расчистува дивата депонија во делот на индустриската зона на Шарпланинска

Фото: Општина Ѓорче Петров

Според најавите, откако ќе се исчисти отпадот во делот на индустриската зона на Шарпланинска, ќе започне расчистувањето и на депонијата во Орман и во Хром на кејот на реката Вардар.

На територија на Општина Ѓорче Петров продолжува расчистувањето на дивите депонии кои се наоѓаат на нејзина територија. Како што информираат од оваа скопска општина, расчистувањето на отпадот се реализира со поддршка на Град Скопје и јавните претпријатија.

Продолжуваме со реализација на расчистување на дивите депонии на повеќе локации во општината со поддршка на Град Скопје и јавните претпријатија. Расчистуваме во делот на индустриската зона на Шарпланинска, по што ќе продолжиме и на депонијата во Орман и во Хром на кејот на реката Вардар. Ѓорче станува чиста општина! – истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

Видео на денот