Општина Центар: Со мислењето од Транспорт и врски, немаме основи за суспензија на ДУП-от кај „Холидеј Ин“

Општина Центар/ Фото: Слободен печат

Од општина Центар соопштија дека со доставеното мислење од Министерство за транспорт и врски, тие немале основи за суспензија на ДУП-от кај „Холидеј Ин“.

„По добивањето на мислењето од Министерството за транспорт и врски за поднесените елаборати за суспензија на плановите, истото беше разгледано од страна на градоначалникот Саша Богдановиќ и службите на Општина Центар.

Постапувајќи по Заклучок на Советот на Општина Центар, општината до Министерството за транспорт и врски достави вкупно 11 елаборати за 22 плански опфати, изработени од општинската Комисија за урбанизам. Комисијата за урбанизам на Општина Центар е истата комисија која со свои предлози и досега учествуваше во минатите активности поврзани со суспензијата на ДУП-овите во Општина Центар.

Според мислењето добиено од Министерството за транспорт и врски, поднесените елаборати не се во согласност со членот 23, став 5 од Законот за урбанистичко планирање, кој го цитира како единствен правен основ за суспензија на план.

Општинската комисија за урбанизам ги изготвуваше елаборатите со врз основ на членот 35 од Законот за урбанистичко планирање, кој ја обработува неусогласеноста на урбанистичките планови и каде се наброени причините по кои може да се суспендира план, што Министерството го отфрли како неоснован.

Во елаборатите кои Општина Центар ги достави до Министерството за транспорт и врски наведени се несовпаѓањата на параметрите на ДУП-овите со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје 2012-2022. Во мислењето добиено од Министерството за транспорт и врски се наведува дека параметрите кои се во линиските центри со намена А,Б и В се неограничени и не влегуваат во билансите, со што тој аргумент ни беше побиен.

Во однос на неусогласувањето на регулационите линии на ГУП со ДУП, во Мислењето стои дека со тоа не се прави штета на јавниот интерес и дека во елаборатите никаде не е утврдена штета на јавниот интерес, со што Општина Центар нема основ за суспензија на плановите“, соопштија од општина Центар.

ДУП-от кај „Холидеј Ин” не може да се суспендира, бидејќи општина Центар не доставила правилни елаборати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот