Општина Центар ги подели решенијата за парична помош, бебешки производи и услуги за 100 семејства

Во новото општинско основно училиште „Киро Глигоров”, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска ги подели решенијата за еднократна парична помош за новороденче во висина од 7000 денари на 100 семејства од општината.

Општина Центар редовно ги доделува овие средства, на новороденчиња чии родители се жители на општината, а од оваа година остварува соработка со општествено одговорни компании и здруженија, кои на овие семејства, покрај општинската помош, им донираат и пакет производи и услуги.

Ова е трет пат годинава на доделување на парична помош за новороденчиња, а во акцијата се вклучени „Еурофарм”, „Веледа”, „Астера”, компанијата за бебешка храна и производи „Хип” и ПЗУ „Жан Митрев” Скопје.

Градоначалникот Богдановиќ изрази благодарност до компаниите за производите и услугите, напоменувајќи дека овој пример на добра соработка и општествена одговорност треба да го следат и други компании и општини во државата.

Согласно Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барателот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот