Општина Центар до Уставниот суд: Иницијативата за оценка на уставноста и законотоста на Одлуката за начинот на примена на ДУП е неоснована

Општина Центар/ Фото: Слободен печат

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска се обрати до Уставниот суд на Република Северна Македонија со одговор на Иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови од 27 март во 2019 година, информираат од Општината.

– Врз основа на тврдења наведени во Иницијативата, ја информираме јавноста дека Деталните урбанистички планови што се опфатени во Одлуката за начиниот на применување на деталните урбанистички планови од 27 март во 2019 година, не се усогласени по ниту еден основ со Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 до 2022 година. ДУП-те кои се опфатени со одлуката од страна на Општина Центар, се констатирани како штетни и како локална самоуправа сметаме дека директно и индиректно ќе влијаат врз загрозување на животот и правата на граѓаните кои произлегуваат од планската документација, доколку останат во сила, се вели во соопштението од Општина Центар.

Донесувањето и спроведувањето на деталните урбанистички планови претставува дел од двостепеноста на системот на урбанистичкото планирање.

– Според тоа, ниту едно право, вклучувајќи го и правото на сопственост, не смее да биде исклучиво над друго право. Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 до 2022 и деталните урбанистички планови, не смеат и не ги третираат поединечните права како исклучиви над преостанатите поединечни права. Од тие причини, Општина Центар смета дека Иницијативата од страна на подносителите е неоснована, стои во соопштението.

Од Општина Центар, информират, дека се очекува позитивен исход од Уставниот суд, со што нема да поведе постапка по однос на поднесената Иницијатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот