Општина Чаир обезбеди 15 илјади заштитни маски и средства за дезинфекција

Од Општината наведоа дека средствата за заштита од корона вирусот се обезбедени со донација од компанијата „Milaya Capital LTD”.

Обезбедени се 15.000 заштитни маски и средства за дезинфекција, наменети за институциите и за граѓаните, соопштија денеска од Општина Чаир.

Од Општината наведоа дека средствата за заштита од корона вирусот се обезбедени со донација од компанијата „Milaya Capital LTD”.

– Во моментите кога грижата за здравствената благосостојба треба да биде на највисоко ниво, Општина Чаир останува фокусирана за да даде придонес во зајакнувањето на превентивните капацитети против Ковид-19, преку различни механизми на дејствување, истакнаа од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот