Општина Центар сади 1.000 грмушки на „Орце Николов“

Фото: Фејсбук, Саша Богдановиќ

Улицата „Орце Николов” во Дебар Маало се раззеленува со нови 1.008 нискостеблести и грмушести садници, информираат од Општина Центар.

Грмушестите растенија ќе се садат покрај новиот дрворед од 15 јавори кои без засадени на почетокот на минатиот месец откога претходно беа исечени старите и болни дрва поради поплаките од жителите од околината.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска извршил увид во садењето кое ќе се одвива и во текот на наредните денови.

– Новите садници кои се садат денеска повторно ќе го вратат препознатливиот зелен лик на улицата „Орце Николов”. Овие ниско грмушести растенија ќе се засадат долж целата улица и освен декоративната улога, ќе го следат движењето на улицата и ќе придонесат кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот. Ние ветивме дека општина Центар ќе стане зелена општина и почнуваме веднаш. Имаме зелена програма која ќе го разубави Центар со нови паркови и нови зелени површини, изјавил Герасимовски, пренесуваат од општината.

Дополнуваат дека според проектот за реконструкција на „Орце Николов”, зеленилото на улицата со новите садници ќе се зголеми за повеќе од 20 отсто од пред почетокот на инфраструктурните зафати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот