Општина Центар: Ниеден суд не утврдил дека планот е незаконски, „Шанса за Центар“ да не манипулира

Општина Центар реагира на објавата на граѓанската иницијатива и советничка група во Советот на општината „Шанса за Центар“, која објави дека Општината издала одобрение за градба на втора зграда спроти хотелот „Холидеј Ин“ и дека станува збор за „незаконски план“.

 За тоа дали одредена постапка е законска или не, надлежен е единствено судот и судските органи. Ниеден суд, ниту истражен орган се нема произнесено дека некој од ДУП-овите е незаконски или дека на било кој начин не смеат да се спроведуваат. Оттаму, законска обврска на општината е да ги спроведува и постапките предвидени со законите за градба – велат од Центар.

Оттаму додаваат дека ваквите неточни и тенденциозни информации пласирани во јавноста имаат за цел да и наштетат на угледот на општината и апелираат „Шанса за Центар“ да се воздржат од ваквите постапки и да не ги дезинформираат граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот