Општина Центар ќе ангажира невработени за воспитувачи и негуватели во градинките

Фото: Unsplash

Општина Центар објави јавен повик до сите евидентираните невработени граѓани кои се заинтересирани да се вклучат во проектот „Грижа за секое дете“ кој е дел од  програмата „Општинско-корисна работа“ поддржана од УНДП во соработка со Агенцијата за вработување, и да бидат ангажирани како воспитувачи и негуватели во градинките во оваа општина.

Образованието од рана возраст е од суштинско значење за обликување на когнитивните, емоционалните и социјалните вештини на децата. Преку проектот, за децата обезбедуваме средина во којашто ќе може безгрижно да растат и да комуницираат со своите врсници, а за ангажираните лица поддршка за професионален развој и понатамошен напредок во кариерат – вели градоначалникот Горан Герасимовски..

Вкупниот период на ангажман на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува и потребната обука, а ќе се работи со скратено работно време од 20 часа неделно.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во програмата за општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест – се наведува во јавниот повик.

Невработени лица кои ќе се пријават во програмата треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години; млади лица до 29 години; лица постари од 50 години; самохрани родители и жртви на семејно насилство.

Во проектот според повикот треба да бидат ангажирани 4 воспитувачи и 4 негуватели. За потребните квалификации, за условите и начинот на пријавување заинтересираните можат да се информираат во јавниот повик објавен на официјалната веб страница на Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот