Општина Бутел организираше едно поинакво одбележување на 8-ми Март

о повод 8-ми Март меѓународниот ден на жените, Општина Бутел денеска организираше едно поинакво одбележување, со цел да се зголеми свеста за континуирана заштита на здравјето на жената и здравјето на семејството.
Како што информираат од општина Бутел, денеска на три пункта лоцирани  пред општинската зграда во Бутел 1, пред трговскиот центар во Радишани и  пред Кам маркетот  во Скопје Север, од страна на доктори специјалисти  беа  прегледани над 250 жителки на општината.
Во прегледите беа вклучени испитувања на сатурација на кислород во крвта како и проверка на шеќер и маснотии.
Оваа пракса општина Бутел ја спроведува веќе четврта година, на еден поинаков начин за грижата за здравјето на жената.
Во состав на активностите кои општината ги организираше, како што е наведено во соопштението, беа вклучени и предавања за самопреглед на жените и за неопходноста од редовното правење ЕХО, мамограф.
По повод празникот, во текот на утрешниот празник општина Бутел ќе организира специјалистички прегледи за сите жени вработени во општинската администрација.
-Грижата за здравјето на жената значи грижа за себе, и сметаме дека женското здравје не треба да ја засега само жената, туку целото општество, стои во соопштението од општина Бутел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот