Општина Бутел ќе субвенционира реконструкција на покрив на зграда во Радишани

фото МИА

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски потпиша Договор за субвенционирање на реконструкција на покрив на станбена зграда на улица „Радишанска” број 25 во населбата Радишани, информираат од Општина Бутел.

– Корисник на субвенцијата е Заедницата на сопственици на станбената зграда на улица „Радишанска” број 25, кои врз основа на Јавен повик објавен од страна на Општина Бутел, го  остварија правото за финансиска поддршка во  вид на поединечна субвенција, во висина од 40 отсто од вкупниот износ потребен за реконструкција и обнова на стара и оштетена покривна конструкција, соопштија од ова скопска општина.

Инвестициите во подобрување на енергетската ефикасност на станбените згради за колективно домување на подрачјето на Општината, е директна инвестиција во подобрување на квалитетот на живот на жителите во Општина Бутел, велат од локалната самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот