Општина Бутел ќе формира Деловен клуб

Градење на партнерството кое треба да овозможи ефективна соработка помеѓу Општина Бутел и деловната заедница за создавање поволни услови за водење бизнис, предвидува Меморандумот кој денеска го потпишаа градоначалникот на општината Велимир Смилевски и претседателката на Сојузот на стопански комори – ССК, Даниела Арсовска.

Како што соопштија од Општина Бутел, активностите ќе се одвиваат преку формирањето на Деловниот (бизнис) клуб во кој ќе членуваат претставници на компании од различни дејности и претставници од Општина Бутел.

– На територијата на општина Бутел имаме една развиена индустриска зона, Визбегово и една во подем, а тоа е индустриската зона Расадник. Во наредниот период ќе подготвиме солидна презентација на можностите на Општината пред членките на Сојузот на стопански комори и убеден сум дека работите ќе тргнат по нагорна линија – истакнал Смилевски.

Претседателката на ССК, Арсовска потврдила дека Сојузот ќе ја продолжи праксата за зајакнување на соработката меѓу општините и деловната заедница преку формирање на Деловен клуб во рамки на самата општина.

– Компаниите кои делуваат на ниво на општината заеднички здружени и преку комората, а сега и преку општинскиот Деловниот клуб ќе имаат можност навремено да ги следат и детектираат предизвиците во општината со цел подобрување на деловното опкружување. На овој начин ќе се воспостави, поттикне и развива дијалогот на локално ниво меѓу јавниот и приватниот сектор и ќе се зајакнат врските за потребите како на деловната заедницата, така и на општината во повеќе сфери од заеднички интерес – појаснува Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот