Општина Бутел ја одбележа 110-годишнината од раѓањето на Вапцаров

Општина Бутел денеска ја одбележа 110-тата годишнина од раѓањето на нејзиниот патрон, поетот и револуционер Никола Јонков Вапцаров.

По тој повод градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, претставниците на општинските основни училишта и на невладини организации и бројни граѓани положија свежо цвеќе пред споменикот на Вапцаров, што се наоѓа пред општинската зграда.

По овој повод градоначалникот Смилевски истакна дека е горд што личност како Вапцаров е патрон на Општина Бутел, чиј лик и дело „треба да го чествуваме, негуваме и никогаш да не го заборавиме”.

Потоа, во големата сала на Општина Бутел се одржа пригодна свеченост, на која настапија Хорот на Здружението на пензионери на Општина Бутел, КУД „Плетеница” и ученици од ОУ „Живко Брајковски”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот