Општина Битола: Превентивни мерки за намалување на загаденоста на воздухот

Општина Битола почна со превентивни мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Последните два дена, вредноста на суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) ги надмина дозволените 100 микрограми на метар кубен.

Според показателите од мерната станица Битола-1, во текот на вчерашниот ден се регистрирани 102.634 микрограми, а денес 127.214 микрограми на метар кубен и затоа локалната самоуправа апелира за почитување на превентивните мерки за заштита од загадување на воздухот во градот.

– Апелираме граѓаните да користат јавен превоз, приватните возила да не се користат без поголема потреба, да не се користат прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума или било кој друг синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва, нагласуваат од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот