Општина Битола издвојува 14,7 милиони денари за проекти од областа на културата

Фото: МИА.мк

Општина Битола во текот на годината културните активности утврдени со програма за развој на културата ќе ги финансира со 14,7 милиони денари.

Според локалниот буџет, најмногу средства се издвоени за работата на Културно информативниот центар (КИЦ) за чии активности се планирани еден милион денари, а соодветна финансиска поддршка ќе биде доделена и за традиционалните локални манифестации во градот.

За младинскиот арт фестивал „Битола отворен град” се планирани 600.000 денари, фестивалот на староградска музика во старата битолска чаршија ќе биде поддржан со 240.000 денари, а светскиот ден на џезот ќе биде одбележан со културен настан за кој се планирани 150.000 денари. Фестивалот „Широк сокак во бело” годинава општината ќе ја чини 600.000 денари, а за одбележување на Денот на Европа ќе се издвојат 120.000 денари.

Општина Битола со финансиски средства и логистичка поддршка ќе ги помогне и националните културни манифестации што традиционално се одржуваат во овој град како што се Фестивалот на монодрама, фестивалот „Илинденски денови”, ИФФК „Браќа Манаки”, „Мал битолски Монмартр”, фестивал на Музика од светот и театарскиот Шекспир фестивал.

Искористувањето на културата како ресурс за развој и начин на живеење според општинската програма ќе овозможи освојување на нови простори, заживување на старото градско јадро но и како што се нагласува опустошените рурални средини за кои е предвидено хортикултурно уредување и можност за развој на културниот туризам. Економската основа и материјалните претпоставки на културниот развој ќе се прошируваат и со обезбедување вонбуџетски извори на финансирање од успешни домашни и странски компании, меѓународни фондации што финансираат културни проекти и спонзорства, се посочува во утврдената програма за култура утврдена од Советот на Општина Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот