Општина Аеродром започна со исплата на 3 500 денари за секое прваче

Првачиња, Фото: Архива

Секое прваче кое посетува настава во некое од основните училишта на територија на Општина Аеродром ќе добие по 3 500 денари. Како што информираат од оваа скопска општина, средствата за таа намена веќе се обезбедени и од денеска започнува и исплатата.

– Почна исплатата на еднократната помош која му следува на секое прваче што ќе се запише во едно од основните училишта во Општина Аеродром. Со оваа мерка целта е да се помогне на родителите и дечињата кои живеат во Аеродром, а секој што ги исполнува условите ќе добие по 3.500 денари за секое прваче. Повикот за аплицирање е отворен до 30.09.2022, а образецот и сите потребни информации може да се најдат на овој линк:  – соопшти градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот