Општина Аеродром спроведува акција за обнова на спортските игралишта

Деновиве повеќе спортски игралишта во општина Аеродром добија обновени стаклени табли на кошевите, и тоа во близина на детските градинки „Лале“ и „Чекорче“, во дворот на ООУ „Ѓоргија Пулевски“, како и игралиштето во близина на кулите Џевахир.

Акцијата ја спроведува општина Аеродром од каде што најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат ваквите активности за обнова и санација на реквизитите на спортските игралишта, со цел обезбедување подобри услови за спортување и јакнење на спортскиот дух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот