Општина Аеродром подели заштитни маски и ракавици во Пензионерскиот дом и СВР – Скопје

Станарите на Домот за стари „Аеродром”, како и дежурните вработени во СВР – Скопје, добија заштитни маски и ракавици од мобилните тимови на Општина Аеродром и Црвениот крст.

Од Општината информираат дека во Домот за стари поставиле и држач со средство за дезинфекција, а во текот на вчерашниот ден таму биле дезинфицирани сите влезови.

– Мобилните тимови на Црвениот крст даваат подршка на сите лица што не се во можност сами да се снабдат со прехранбени продукти и лекови. Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 3 211 417 во периодот од 8:30 до 12:30 часот, соопштија од Општината.

Досега, 20 семејства побарале помош од Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот