Општина Аеродром ќе субвенционира набавка на велосипеди и електрични тротинети

Фото:Општина Аеродром

Општина Аеродром наскоро ќе објави јавен повик за субвенционирање велосипеди и електрични тротинети, за што од буџетот се издвоени 1.680.000 денари.

– Советот на Општина Аеродром на последната Седница ја донесе одлуката со која аеродромци ќе имаат можност да добијат по 3 000 денари за набавка на велосипеди и по 5 000 денари за електрични тротинети. Во официјалниот повик ќе бидат објавени сите потребни информации за аплицирање, а важно е да нагласиме дека за важечки ќе се сметаат сите приложени сметки од оваа календарска година, независно дали велосипедот или електричниот тротинет се купени пред или по носењето на одлуката за доделување на средствата – информираат од оваа скопска Општина од каде што велат и дека со ваквата мерка покрај тоа што финансиски им помагаат на граѓаните, тие истовремено се обидуваат и да го поттикнат користењето на алтернативни и еколошки средства за превоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот