Општина Аеродром дел од Европската недела на спортот

Аеродром
Околу 200 ученици од осумте основни училишта од Општина Аеродром се вклучија во одбележувањето на Европската недела на спортот / Фото: Фејсбук, Општина Аеродром

Околу 200 ученици од осумте основни училишта од Општина Аеродром се вклучија во одбележувањето на Европската недела на спортот, која почна денеска, со цел да се мотивираат граѓаните кон здрав начин на живот преку правилна исхрана, спорт и физички активности.

– Проектот насловен како „Европска недела на спорт“, кој стартуваше во 2015 година, оваа година со мотото „Биди активен!“, го прифатија младите од Аеродром преку одбојка и велосипедизам, прифаќајќи да бидат дел од напорите за подигнување на свеста за позитивните ефекти од спортот и физичката активност, информираат од Општина Аеродром.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот