Општина Аеродром бара сезонски работници

Фото: Општина Аеродром

Општина Аеродром има потреба од сезонски работници кои ќе се грижат за чистотата на јавните површини, па затоа на јавен оглас ги повика сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да аплицираат за работно ангажирање со полно работно време.

Обврски на вршителите на јавни работи ќе бидат:одржување на чистотата/хигиената на јавните површини (чистење смет, празнење на уличните канти за отпадоци, чистење/собирање суви лисја, гранки и сл.), одржување на зеленилото на јавните површини и парковите на територија на општина Аеродром (косење трева, поткастрување гранки и сл.),одржување на локалните улици, патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина Аеродром (чистење снег на пешачките премини, пешачките патеки, плочници и тротоари, целосно чистење на мостовите, чистење снег од уличните клупи и канти за отпадоци) и слично – се вели во јавниот повик.

За својот ангажман сезонците ќе добиваат по 16.500 денари, додека координаторите и лицата што ќе работат на машини за косење, како и оние што ќе работат со специјални машини за метење улици ќе добијат додаток на надоместок во висина од 1.500 денари за период во кои ги извршуваат наведените работи, на начин и под услови утврдени со Програмата за јавни работи на територија на Општина Аеродром за периодот 2022 година.

Видео на денот