Општина Аеродром ангажира 13 лица за општинско-корисна работа

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за ангажирање 13 лица, од кои деветмина како образовни и лични асистенти за потребите во основните училишта и четврорица помагатели на стари лица.

Сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско-корисна работа во рамки на проектот „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации” можат да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Скопје од денеска до 16 август годинава.

Лицата што ќе бидат избрани ќе бидат ангажирани 20 часа неделно за период од шест до девет месеци и ќе им биде исплатен паричен надомест за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.

Како што соопшти Општина Аеродром, целта на проектот е овие лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучат на пазарот на труд.

Евидентираните невработени лица што ќе се пријават за учество во програмата „Општинско-корисна работа” треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над пет години); млади лица до 29 години; лица постари од 50 години; лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надомест врз основа на невработеност; лица што биле корисници на програмата условен паричен надомест за средно образование; лица што имале статус на деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; лица со попреченост; самохрани родители; родители на деца со пречки во развојот; родители на три и повеќе деца; родители на деца на улица.

Граѓаните подетални информации за програмата „Општинско-корисна работа” можат да добијат во Општина Аеродром кај лицата Билјана Кочоска-Тодоровска и Зорица Јаќимовска, општински координатори за програмата „Општинско-корисна работа”. Информации можат да добијат и во Агенцијата за вработување – Центар за вработување Скопје кај лицето Шериф Сума и во Центарот за социјална работа Скопје кај лицето Бисерка Цикарска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот