Општина Аеродром ангажира 12 лица за општинско-корисна работа

Општина Аеродром од овој месец ангажира 12 лица, од кои деветмина како образовни и лични асистенти за потребите во основните училишта и тројца помагатели на 30-ина стари лица.

Од Општината информираат дека асистентите и помагателите се ангажирани преку програмата за општинско-корисна работа во рамките на проектот „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации” во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување.

-Овие лица имаат ангажман од 20 часа неделно за период од шест до девет месеци и за тоа ќе добиваат паричен надоместок во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест, се наведува во соопштението на Општина Аеродром.

Како што посочуваат од Општината, целта на проектот е асистентите преку помагање и грижа за ученици и стари лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучуваат во пазарот на труд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот