Опрема од Бугарија за поддршка на студенти со попреченост на Филозофскиот факултет

На Филозофскиот факултет во Скопје вчера беше презентирана опремата добиена во рамки на проектот „Служба за поддршка на студенти со попреченост и работилница за изработка на дидактички материјали” што факултетот го реализира во партнерство со Здружение на граѓани за едукација на млади План Б. Проектот е финансиран од програмата „Бугарска соработка за развој”.

На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов, претседателот на Здружение на граѓани за едукација на млади План Б, Димитар Нацоски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Никола Јанкуловски и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев.

За значењето на сервисот за поддршка на студентите со попреченост и работилницата за изработка на дидактички материјали, како и идните планови за креирање поинклузивна клима на Универзитетот, зборуваше раководителката на Институт за специјална едукација и рехабилитација, проф. д-р Наташа Станојковска-Трајковска. Настанот беше поддржан и од министерката за образование и наука Мила Царовска.

Во рамки на проектот, Филозофскиот факултет во Скопје, односно Институтот за специјална едукација и рехабилитација, добива опрема и асистивни уреди (Брајов принтер, 3Д принтер, два персонални компјутера со тастатури прилагодени за студенти со засегната фина моторика, два колор печатачи, машинка за пластифицирање и рачен нож за хартија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот