Оправдано или не? Се жали бидејќи ја посрамиле пред сите зашто му седела на момчето во скут

Twitter

Сера Нејтан на 3 ноември планирала да лета во Мелбурн, а задоволството од враќањето дома ѝ го расипале вработените од авиокомпанијата, кои наводно ѝ рекле дека нејзината облека е неприкладна.

Своето искуство го опишала на Твитер.

Како штпо тврди, таа и нејзиното момче со кого се во врска на далечина, седеле заедно кога им пришла работничка од авиокомпанијата. Во тој момент Сера седела на неговите колена, свртена кон него.

„Седнете секој на своето седиште, околу вас има деца“, им рекла стјуардесата.

Сера тврди дека околу нив немало деца и дека коментарот на стјуардесата ги шокирал и нејзе и момчето.

„Не се однесувавме како да сме во стриптиз клуб“, тврди Сера.

Потоа наводно стјуардесата се вратила со колегата, кој на Сера ѝ рекол дека „не ги почитува родителите бидејќи го „јавнала“ своето момче.

„Се сомневам дека ќе можете да се качите на авион така облечени, но во секој случај не можете да седите тука“, додал.

Сера објавила фотографија како била облечена, носела хеланки и краток топ. Тврди дека во позадина на настанот е расизмот, бидејќи таа е од Шри Ланка.

„Бела жена спроти мене носеше краток фустан, па никој не ѝ рече ништо“, тврди Сара.

Додава дека поради сè била шокирана, посрамена, бесна и понижена.

Кога преку мејл се пожалила до авиокомпанијата на однесувањето на нивните вработени, добила интересен одговор.

„Ја проверивме вашата фотографија и мислиме дека сте многу убава, вашето момче е среќник. Не мислиме дека е соодветно да му седите во скут кога има слободни столчиња. Мислиме дека вработените ги штителе другите патници, бидејќи сте биле на јавно место“, ѝ напишале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот