Опозициските пратеници дебатираат за измените на Законот за инспекција на труд, претресот завршен

Фото: МИА

Собранието на Република Северна Македонија попладнево го почнаа продолжението по 19.пленарна седница, со расправа за измените и дополнувања на Законот за инспекцијата на труд, по скратена постапка.

Пратениците дебатираат за измените и дополнувањата на Законот за инспекцијата на труд, иако веќе е завршена и амандманската расправа за овој текст, кој се носи по скратена постапка. Опозициските пратеници, кои се најбројни во дискусијата, истакнаа дека законот се носи по скратена постапка, и оти со него не само што се прави усогласување на глобите и нивно намалување и се воведува опомена пред казнувањето, туку законот се менува и во однос на условите за именување на директор на инспекторат на труд. Тие посочија на низа примери на прекршувања на работничките права.

Претседателот на Собранието Такат Џафери, а потоа и потпретседателот Горан Мисовски им укажаа на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека доколку имале забелешки за законот, можеле да достават амандмани, за што веќе е завршена собраниската постапка.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе измени на овој закон.

Собранието го заврши претресот по предлогот, а гласањето дополнително ќе биде спроведено.

Измените на Законот за инвалидски организации, по скратена постапка, како и измените и дополнувањата на Изборниот законик, по скратена постапка, поднесен од опозициските пратеници Сурија Рашиди и Никола Мицевски.

Заостанати точки на дневен ред на 20. седница се Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка, како и Предлог на закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот