Опозициските партии во Британија одржале состанок со една точка на дневен ред – Како да го тргнат од власт Борис Џонсон!

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен печат

Денеска  опозициските партии во Британија одржале средба на која разговараке на кој начин би можеле да го присилат премиерот Борис Џонсон да се придржува до легислативата која не дозволува брегзит без договор, пренесуваат медиумите на Островот.

Лидерите на опозициските партии се собраа во кабинетот на лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, каде разговараа како да го притиснат Џонсон, кој на повеќе наврати нагласи дека нема да бара продолжување на рокот по 31 октомври и дека Британија ќе излезе од ЕУ на тој датум.

На средбата присуствувал лидерот на Шкотската национална партија, Иан Блекфорд, лидерот на Либерал-демократската партија, Џо Свинсон, како и претставници од други опозициски партии и независни пратеници.

На средбата партиите дискутирале за глас без доверба, како би го симнале Џонсон и неговата влада доколку тој одбие да работи во согласност со законот, попознат како „актот Бен“ , според кој се спречува брегзит без договор кон крајот на октомври.

Тие се согласиле ека ќе ги разгледаат сите опции со кои би го спречиле излезот без договор, вклучувајќи и влада на национално единство која би го наследила Џонсон, во случај тој да не обезбеди мнозинство за глас на доверба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот