Опозицијата во Албанија го поздрави формирањето на влада во Косово

Архива на СП

Според лидерот на најголемата опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, договорот исто така е исполнување на волјата на граѓаните на Косово.

Постигнатиот договор за формирање влада меѓу Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово го поздрави и албанската опозиција, оценувајќи дека тоа е чин на политичка искреност и зрелост на јасна визија на лидерите Албин Курти и Иса Мустафа.

Според лидерот на најголемата опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, договорот исто така е исполнување на волјата на граѓаните на Косово.

– Тоа е чин на политичка искреност и зрелост на јасна визија на лидерите на ВВ и ЛДК. Овој договор е конкретен одговор на волјата за промени на граѓаните на Косово. Демократската партија како и во целиот нејзин исторски период ќе му даде целосна поддршка на Косово и неговото раководство, денеска во опозција утре на власт, во предизвиците кои ги имаме пред нас и кои бараат искрена ангажираност на братската соработка, напиша Баша на Фејсбук.

И лидерката на третата по големина партија во Албанија, Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Криемади им се придружи на реакциите по договорот за влада меѓу Самоопределување и Демократскот сојуз на Косово, посакувајќи унапредување на соработката меѓу двете земји.

– Искажувам задоволство и го поздравувам договорот за формирање нова косовска влада меѓу Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово. Им посакувам да создадат одржлива и ефикасна влада во пресрет на големите предизвици во служба на граѓаните на Косово, во нови признанија и натамошна интеграција во регионални и меѓународни организации. Посакувам нашите две земји дополнително да ја зајакнат соработката и интеграцијата во корист на сите граѓани, како и за зајакнување на мирот и просперитетот во целиот регион, напиша Круимеди на Фејсбук.

Претходно договорот го поздравија шефот на албанската држава Илир Мета, оценувајќи дека стабилното управување е во интерес не само на Косово, туку и на регионот, потоа премиерот Еди Рама кој посака колку е можно поголема корисна соработка за Албанците од двете страни на границата и овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, кој оценува дека поради многуте предизвици што се пред двете земји, засилената меѓусебна соработка е неопходна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот