Опозицијата ќе протестира во Тирана, а Рама си отиде на концерт на Карла Бруни со хеликоптер (ВИДЕО)

EPA-EFE/Malton Dibra

Албанската опозиција вечерва ќе ги оддржи протестите во центарот на Тирана кои веќе неколку дена ги најавува лидерот на опозицијата Љуљзим Баша, од друга страна пак албанскиот премиер си замина во јужниот дел од земјата, каде ќе учестува на концертот на Карла Бруни.

За безбедноста на вечерашниот протест на обединетата албанска опозиција, ќе бидат ангажирани најмалку 1.700 полициски службеници, кои ќе бидат распоредени главно пред Владата и Парламентот, јавува Радио Слободна Европа.

Исто така ќе бидат ангажирани и припаднците на специјалната единица „Шќипоња“, кои ќе бидат распоредени пред полицскиот кордон пред двете институции, потоа припадници на сообраќајната полиција, како и лица без униформи од други сектори на МВР. Припадниците на единицата за брза интервенција и Националната гарда ќе бидат во состојба на готовност.

Во случај да има обиди за влегување во институциите и закана по животот на полициските службеници ќе биде употребен солзавец, како и водени топови. Во близина ќе има и повеќе противпожарни и возила на брза помош.

Во Тирана ќе има ограничено движење во поширокото подрачје каде што ќе има протест, а забранет е влез на автобусите кои превезуваат граѓани од внатрешноста во центарот на Тирана. Автобусите кои доаѓаат од севернот дел на земјата ќе се паркираат кај спортската палата „Аслан Руси“ додека оние од јужниот дел кај Економскиот факултет.

Протестот ќе почне во 20:00 часот. На барањето тој да трае до полноќ, полицијата дозволи протестот да трае два часа,односно до 22:00 часот.

И додека Тирана се подготвува за протестите, албанскиот премиер одлучи вечерва да оди на концертот на пеачката Карла Бруни во античкиот град Бутринт, во јужниот дел од земјата. Како што јавува Балканвеб Рама во Ксамил пристигнал со хеликоптер, додека друг хеликоптер ја набљудувал околната зона.

Истиот медиум јавува дека голем број полициски сили го опколиле Ксамил, за да се избегнат можни судири на шефот на албанската Влада со поддржувачите на опозицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот