Опозицијата го обвини Рама дека го „дави“ народот во долгови

Албанија вчера преку еврообрзница се задолжи со 650 милиони евра, со каматна стапка од 3,625 проценти и рок на отплата седум години.

Потпретседател на третата по големина политичка партија во Албанија, Социјалиситичкото движење за интеграција, Петрит Васили, го обвини рама дека откако е на власт го зголемил долгот на земјата за 1.300 проценти.

Васили на „Фесбук“ напиша дека Рама дошол на власт во 2013 година, кога земјата имала долг во износ од само 500 милиони евра, додека „денес тој долг е повисок за тринаесетпати”.

– Еди Рама ги умира Албанци во долгови, ги зголеми за 1.300 отсто. Пет милијарди јавно приватно партнерство + 1 милијарда за земјотресот + 650 милиони еврообврзница = 6 милијарди 650 милиони долг . Кога дојде на власт во 2013 година, долгот беше само 500 милиони евра, напиша Васили.

Според него, по седум години на власт, Еди Рама го зголеми долгот тринаесетпати или 1300 проценти.

Албанија вчера преку еврообрзница се задолжи со 650 милиони евра, со каматна стапка од 3,625 проценти и рок на отплата седум години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот