Опозицијата во Турција не се договори за единствен кандидат во трката против Ердоган

Турција /ФотоEPA-EFE/SEDAT SUNA

Турската опозиција не успеа да се договори за единствен кандидат за претседателските избори, откако Мухарем Инџе од партијата Мемлекет одби да ја повлече својата кандидатура во корист на Кемал Киличдароглу од Републиканска народна партија, соопшти денеска турскиот весник „Хуриет“.

Претседателските и парламентарните избори во Турција се закажани за 14 мај, а според анкетите главен противник на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган е единствениот кандидат од опозициската Републиканска народна партија, Киличдароглу.

На претседателските избори дозволено е учеството на четворица кандидати, а многу опозициски активисти го повикаа Инџе да ја повлече кандидатурата, сметајќи дека ќе го спречи Киличароглу да победи во првиот круг и да земе дел од гласовите на опозицијата за себе.

Одговарајќи на овие обвинувања, тој за „Хуриет“ изјави дека не е незадоволен само од актуелната власт, туку и од опозицискиот блок и дека има намера да се занимава со политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот