Опозицијата во Црна Гора уште без кандидат за претседател

Влада на Црна Гора/ Фото: ЕПА

Лидерите на црногорските опозициски партии вчера во Подгорица разговараа за претседателските избори закажани за 19 март и заедничкиот опозициски кандидат за нов претседател на Црна Гора.

Најголем дел од учесниците на средбата сметаа дека опозицијата мора да претстави заеднички кандидат за претседателските избори.

Порталот РТЦГ јавува дека на средбата присуствувале претставници на парламентарната опозиција – Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), Социјалдемократите (СД), Либералната партија и малцинските партии.

Вјести“ меѓутоа јави дека не бил постигнат договор опозицијата да учествува на изборите со заеднички кандидат, а за неколку дена треба да се одржи нова средба.

Предлозите може да се поднесуваат до 26 февруари, а ДИК листата со претседателски кандидати ќе ја објави најдоцна до 3 март.

Засега своите кандидатури ги објавија Милојко Спајиќ (Движење Европа сега) и Дејан Вукшиќ (Христијанско демократско движење).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот