Опозицијата во БиХ предлага проверка на менталното здравје на избраните функционери

Босанско знаме / Фото: Профимедиа

Опозицијата планира да поднесе предлог -закон до парламентот на БиХ со кој би се вовеле задолжителни медицински прегледи за лица кои извршуваат одговорни функции и се наоѓаат на важни позиции во федерацијата

Претставникот на Социјалдемократската партија (СДП БиХ), потврди дека испратил таква иницијатива до Советот на министри на БиХ, који потоа треба да ја испратат иницијативата на парламентарна расправа.

„Целта на иницијативата е да се спречи, на најважните јавни функции и должности да не можат да бидат именувани лица= кои не го поминале успешно медеицинскиот и психолошки тест
за ментална и психолошка способност и тест за употреба на психоактивни супстанции“, ја објасни својата иницијатива преставвникот на опозцијата

Тој тврди дека неговата иницијатива не е насочена против одредена личност или група, или нивната „ментална незрелост на позициите што ги заземаат“, потсетувајќи дека сите други лица кои се во работен однос мора да добијат соодветни медицински сертификати кои докажуваат дека се ментално и физички здрави, додека пак тоа не се однесуваше до сега за избраните функционери.

 

Дискусиите за менталната состојба на политичарите во БиХ беа особено поттикнати од провокативните изјави и обраќања на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, кои кулминираа во понеделникот кога тој донесе хармоникаш во неговата канцеларија во Сараево и пееше и пиеше со него пред седницата на Претседателството на БиХ.

Покрај тоа, тој ги објави овие снимки во јавност, што предизвика бројни осуди.

Додик/ Фото Twitter Screenshot

 

Другите двајца членови на Претседателството на БиХ,  Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, оценија дека Додик се понижил со ова однесување.

Додик ја објасни својата постапка со тврдење дека сака да испрати порака дека се е во ред во земјата и дека нема причина да се плаши од војна.

„Покрај тоа, оној што пее зло не мисли“, рече Додик.