Опожарено „ауди“ во Куманово

Фото: Слободен печат

Автомобил „ауди“ бил опожарен вчера во кумановската населба Карпош, соопштија денеска од СВР Куманово.

Вчера во 21.45 часот било пријавено дека на улица „100“ во Куманово настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на триесет и петгодишниот Д.М., соопштиија од СВР Куманово.

Екипа на територијалната противпожарна единица Куманово го изгасила пожарот во кој нема повредени лица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот