Опожарениот простор кај Старо Нагоричане засаден со над 200.000 садници

Фото: Генералка Викенд

Просторот кај Старо Нагоричане, во близина на Кокино, кој беше опожарен пред три и пол години, викендов во рамките на акцијата за пошумување „Сончева гора“, беше засаден со над 3.500 садници од црн бор, бел бор и аризона чемпрес. Со последната акција на овој предел практично се засадени над 200.000 садници.

Директорот на јавното претпријатие „Национални шуми“, Здравко Трајанов, објасни дека овој простор, кој беше опожарен пред три и пол години, најпрво бил расчистен, по што следувала обработка на теренот, па на крајот пошумување.

– Пошумувањето значи влог во иднината, влог во екологијата. Како јавно претпријатие задолжено за шумите, една од заложбите е пошумување на голините на стручен начин за да имаме поголема успешност на растењето на дрвјата.Пошумувањето значи влог во иднината, влог во екологијата.Како Јавно претпријатие задолжено за шумите една од заложбите е пошумување на голините на стручен начин и да имаме поголема успешност на растењето на дрвјата.Им благодарам на сите волонтери денес што придонесоа денеска во пошумувањето на последните неколку илјади садници на бел бор, црн бор и аризонски чемпрес од вкупно 51 хектар што веќе ги пошумивме според програмата за проширено пошумување “, изјави Трајанов.

Државниот секретар за животна средина и просторно планирање, Ресми Ејупи изјави:

„Ги поздравувам сите партнери и сите учесници во акциите, бидејќи сите овде нѐ обединува силната желба со личен пример да ја поттикнеме и развиеме свеста за животната средина. На отпадот не му е местото во природата, рече Ејупи.

Гордана Софија од „Мен енд моунтаин“, кои се организатори на најголемата еколошка акција во земјава – „Генералка викенд“, истакна дека се среќни што се собрани сите партнери на оваа, како што рече, преубава локација во Старо Нагоричане, близу Кокино, за да ги насадат последните 3.500 дрвја, на вкупна површина од 51 хектар.

– Ќе никне уште една „Сончева гора“ и ќе донесе чист воздух за сите – заклучи Гордана Софија.

Инаку, во рамките на најголемата еколошка акција во земјава – „Генералка викенд“ за само четири години се насадени повеќе од 125.000 дрвја и се собрани 915.000 килограми отпад, а досега учествуваа над 44.000 пријавени волонтери, од кои повеќе од 10.000 ученици и студенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот