Опожарени контејнери во Аеродром

Во текот на изминатите три дена, непознати сторители опожариле пет контејнери за отпад во скопската општина Аеродром. Опожарените контејнери се целосно уништени и неупотребливи.

Од ЈП „Комунална хигиена” – Скопје истакнуваат дека покрај финансиската штета, овие инциденти предизвикуваат големи проблеми и при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад.

ЈП „Комунална хигиена” апелира да престане вандализмот и уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно оперативната програма за работа.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот