Опожарена тераса од стан во Кичево

Противпожарно возило / Фото: МИА

Нешто после полноќ во стан на улица „4 Јули” во Кичево избувнал пожар на тераса од колективна станбена зграда. По дојавата интервенирала Територијална противпожарна единица од Кичево и пожарот е целосно изгаснат.

– Во 00.20 часот во ОВР Кичево пријавено е дека настанал пожар во зграда на улица „4 Јули” при што е опожарена тераса од стан. Најпрво на пожарот со протипожарен апарат интервенирал некој од станарите, а по нашата интервенција пожарот е целосно изгаснат. При овој пожар нема жртви, а причините и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат, информираат од ТППЕ Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот