Опожарен стан на главната улица во Кичево

Во текот на вчерашниот ден опожарен е стан на главната улица во Кичево. Пожарот избувнал во стан сопственост на В.С. (53) од Кичево.

-Во текот  на вчерашниот ден се појави пожар во стан на главната улица во Кичево, во непсредна близина на градската болница.На овој пожар интервениравме со едно возило и со тројца пожарникари и пожарот е целосно ликвидиран, информира Горан Соколески, командир на ТППЕ Кичево.

При интервенцијата, како што посочи Соколески, нема повредени лица, а причините за пожарот и  висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат. Увид на местото на пожарот изврши  полициска екипа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот