Опожарен „мерцедес” на автопат Куманово-Скопје

Фото: илустрација

Автомобил „мерцедес” со германски регистарски ознаки бил опожарен, вчера кај наплатната станица кај Романовце, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Кумановските пожарникари интервенирале 45 минути и го изгасиле пожарот на автомобилот.

-ТППЕ интервенирале од 14:15 со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, стои во информацијата на РЦУК Куманово.

Случајот го потврдија и од СВР Куманово од каде информираат дека вчера било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје настанал пожар во патничко моторно возило во движење „мерцедес” со германски национални ознаки управувано од Н.М.(28) од Куманово.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Автомобил излетал од патот во кумановско Доброшане, се превртел и бил опожарен 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот