Опожарен автомобил во Куманово

Изминатата ноќ горел автомобил на кумановец, соопшти денеска СВР Куманово. Настанот во кумановската полиција во 3 часот по полноќ го пријавил 61-годишниот сопственик на возилото.

„В.С.(61) од Куманово пријавил дека околу 3 часот било опожарено неговото патничко моторно возило „фолксваген пасат” со кумановски регистарски ознаки“, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Пожарот го изгасиле пожарникари од ТППЕ Куманово. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила и екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот