Опожарен автомобил на дебранец

Во раните утрински часови во стариот дел на Дебар опожарен е автомобил сопстеност на дебранец.

-Денеска во 4:50 часот, на улица „Павле Џиковски” во Дебар, случен е пожар во патнички автомобил „опел виваро” со дебарски регистарски таблици, сопственост на Н.Н.(54) од Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид.

Додаде дека пожарот во кој нема повредени лица е изгаснат од дебарската територијалната противпожарна единица, а увидот извршиен од полициски екипи од Одделението за внатрешни работи треба да ја потврдат причината.

Димоски исто така информираше дека во последните 24 часа за неносење заштитна маска, полициските службенци издале десет прекршочни платни налози.

Во последните три дена се издадени 38 или од почетокот на пандемјата до денес на подрајето на општините Дебар и Центар Жупа издадени се 1.397 вакви налози за неносење зашттна маска.

Во ова подрачје, кое беше прво жариште на болеста со вчера официјално соопштените податоци од Министертвото за здравство, со вирусот заразени се 454 лица, од нив починаа 22.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот