Опоравувањето на вработеноста во САД ја охрабри берзата, нафтата бележи раст

Европските берзи незначително паднаа на денешното отворање на почетокот од новата трговска недела.

Акциите на азиските пазари на капитал денеска забележаа напредок, бидејќи изненадувачкото опоравување на вработеноста во САД „долеа“ надеж за брзо опоравување на глобалната економија.

Економиите во целиот свет претрпија огромни штети од повеќемесечните мерки за ограничување насочени кон запирање на ширењето на пандемијата од корона вирусот.

Европските берзи незначително паднаа на денешното отворање на почетокот од новата трговска недела, при што паневропскиот индекс на фјучерсите „EuroStoks 50“ се лизна за 0,5 отсто, лондонскиот термински индекс „FTSE“ се спушти за 0,3 отсто, а американскиот „S&P 500“ забележа благ пораст за о,15 проценти, пренесува „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот