Опериран францускиот возач по експлозијата на релито Дакар

рели дакар
Рели Дакар/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Францускиот возач Филип Бутрон, кој во четвртокот ја повреди ногата при експлозија на автомобилот во Џеда, е опериран во Саудиска Арабија и наскоро ќе биде префрлен во татковината на понатамошно лекување.

Организаторот на релито Дакар, кое трет пат по ред се одржува во Саудиска Арабија, објави дека не ја исклучува можноста да станува збор за намерен напад и ги зголеми безбедносните мерки.

Од друга страна, министерот за врантрешни работи на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Сауд Ал Сауд, ги отфрли сомнежите на организаторот дека е експлозијата е можен намерен напад, и додаде дека станува збор за несреќа. Според министерот, во автомобилот имало петмина Французи, а само Бутрон завршил во болница на операција.

Директорот на трката, Давид Кастера во интервју за француската државна телевизија, изјави дека е повреден 61-годишниот Бутрон, на кого ова му е деветто учество на релито Дакар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот