Операторите се закануваат со „кабелски“ мрак доколку Владата не им попушти за реемитувањето

Фото: Архива

Повеќе кабелски оператори за денеска попладне, од 18 часот најавија едночасовен протестен прекин на реемитувањето сите ТВ канали вклучително и македонските (освен МТВ), како реакција на Уредбите на Владата кои се однесуваат на регистрација на странски канали. Операторите се жалат дека се принудени на оваа мерка како последна опомена поради наметнатите нови правила кои, како што велат, се неприменливи и од 6 август ќе мора да ги изгасат каналите.

За да се избегне оваа мерка-протест, на барање на АВМУ беше закажан состанок меѓу преставници на операторите, со македонските национални телевизии и со министерот Дамјан Манчевски, но до неа не дојде бидејќи приватните телевизии не покажале интерес да присуствуваат.

Операторите се закануваат дека по овој едночасовен прекин ќе следува и посилна реакција. Од среда со почетокот на предизборната кампања, операторите ќе ги исклучуваат каналите секој ден од 19 до 22 часот.

Операторите велат дека овој нивен чекор се должи на измената на законската и подзаконската регулатива во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со која на операторите им се наметнуваат неуставни обврски.

„На овој начин сакаме да го подигнеме нивото на свесност за сериозноста на ова прашање кај пошироката јавност, особено нашите крајни корисници, кои ќе бидат најмногу погодени од актуелното законско решение. И покрај сите напори, реакции и отвореност за соработка, во интерес на корисниците, состојбата со реемитување на телевизиски канали нема решение туку сè повеќе се комплицира. Одлуката за времени прекини ја поддржуваат сите оператори кои се дел од Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија“, соопшти здружението на кабелските оператори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот